Tоп 10 најбарани професии

344

LinkedIn ја објави традиционалната годишна листа Emerging Jobs за најбараните работни места. Меѓу првите занимања е експерт за вештачка интелигенција, обично инженер, истражувач или друга специјалност којашто се фокусира на машинско учење и вештачка интелигенција.

Во последните четири години стапката на раст на вработување кога е во прашање ова занимање изнесува 74%.

“Вештачката интелигенција е инфилтрирана во секоја индустрија и побарувачката на луѓе кои се квалификувани за тоа ја надминува понудата. Ова е трета година по ред каде занимањето кое се однесува на машинско учење или вештачка интелигенција е на врвот на листата“, вели Ги Бергер од LinkedIn.

  1. Експерт за вештачка интелигенција
  2. Инженер по роботика
  3. Експерт за податоци
  4. Инженер за управување со податоци
  5. Инженер за одржување на сајт
  6. Експерт за односи со купувачи
  7.  Претставник за развој на продажба
  8. Инженер за база на податоци
  9. Бихејвиорален здравствен техничар
  10. Експерт за сајбер безбедност

Фото: Pexels