Која земја има највисока минимална плата?

120

Минималната плата претставува најнискиот износ што работодавците согласно закон можат да им ја исплатат на своите вработени. Законот за минимална плата е воведен во светот како начин да се запре експлоатацијата на вработените и нивниот труд. Минималната плата влијае на животниот стандард и земјите имаат за цел да ја зголемуваат со цел да ја намалат нееднаквоста меѓу вработените. Првите обиди за дефинирање на минимална плата се забележани во 80-тите години на минатиот век во Австралија и Нов Зеланд.

Според податоците на World Atlas, Луксембург има највисока минимална плата на планетата од 13,78 долари на час за неквалификувани вработени над 18 години во 2018-та година. Минималната плата во Луксембург порасна од 13,78 долари во 2018-та на 14,12 долари во 2019-та година. Работната недела во Луксембург е осум часа дневно 40 часа неделно.

Втора е Австралија, каде што минималната плата е различна во зависност од индустријата, географското подрачје и возраста на вработените. Минималната плата за вработени што не се опфатени со овој таканаречен Industrial Award, има пораст од 12,14 долари во 2018-та на 13,47 долари во јули 2019-та година.

Франција е земја каде што минималната плата со посебен закон била загарантирана уште во 50-тите години на минатиот век. Минималната плата во оваа земја бележи пораст од 11,66 долари во 2018-та на 11,83 долари минатата година.

Фото: Pexels