Колкав дел од Европа е во “сопственост” на Кина?

22

Фото: Pixabay

Европската унија воведе нов механизам за скрининг на странските инвестиции. Се верува дека тоа е поттикнато од загриженоста на Европа за економските амбиции на Кина на стариот континент, пишува BBC.

Според Европската комисија, Кина претставува “системски ривал“ и “стратешки конкурент“. Според податоците, една третина од вкупниот имот на ЕУ е во рацете на странски компании, а 9,5% од компаниите во Европа имаат сопственици со седиште во Кина, Хонг Конг или Макао. За споредба, во 2007 година, тој процент бил само 2,5, што покажува на голем раст, иако во вкупен износ во кинеска сопственост е помал дел од европскиот бизнис. Од друга страна, на крајот на 2016 година, Американци и Канаѓани контролирале 29% од компаниите во ЕУ.

Кинеските инвестиции во Европа максимумот го достигнаа во 2016 година, кога имаа вредност од 37,2 милијарди евра.

Од 2000 до 2018 година, кинески инвеститори најмногу вложувале во: Велика Британија, Германија, Италија и Франција. Зад нив се и: Холандија, Финска, Шведска, Португалија, Шпанија и Ирска.

Кина, исто така, фигурира како важен инвеститор и во земјите од регионот.