Колкав кредит може да си го дозволите и колкава камата треба да ја платите?

187

Доколку планирате да земете кредит, а не знаете колкав кредит може да си дозволите, тогаш со Калкулаторот на Организацијата на потрошувачи на Македонија, може да се пресмета и вкупната камата што ќе треба да се плати за кредитот.

Најпрво треба да се утврди ја месечната рата која можете да си ја дозволите врз основа на месечните приходи и трошоци и да ја внесете во полето. Месечната рата не треба да надминува 30% од вкупните месечни приходи. На тој начин ќе останат доволно пари за останатите трошоци.

Потоа, треба да размислите за колку време сакате да го вратите кредитот и да го внесете бројот на месеци во соодветното поле.

Внесете ја висината на каматната стапка за кредитот којшто сакате да го земете. Ако кредитот има променлива (варијабилна) каматна стапка, треба да се провери во банката кој е моменталниот износ на каматната стапка за тој кредит. Кога каматната стапка е променлива, пресметката ќе го прикаже износот на каматата што ќе ја платите ако во периодот на враќање на кредитот се задржи истото ниво на каматна стапка.

Пример:

Ако месечната рата којашто можете да си дозволите да ја плаќате е 6.000 денари

Би сакал(а) да го вратите кредитот за пет години (60 месеци)

Каматната стапка изнесува 5%

Резултати од пресметката:

Кредитот би изнесувал 317.944 ден.

Вкупната камата би изнесувала 42.056 ден.

Организацијата на потрошувачи на Македонија го спроведе проектот Еманципација на потрошувачите на финансиски услуги и застапување на нивните интереси, а е финансиран од оперативен грант од Програмата за потрошувачи на ЕУ.

Фото: Freepik