Колкава била просечната нето плата во јуни?

29

Просечна нето плата во јуни годинава изнесувала 26.867 денари што во однос на истиот месец лани е зголемување за 6,6 отсто. Бруто платата, пак, била 40.107 денари што е раст за 7,1%.

Според Државниот завод за статистика, зголемувањето на просечната нето плата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната нето плата во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (18,7 %), Рударство и вадење на камен (15,2 %) и Образование (12,6 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (14,1 %), Рударство и вадење на камен (6,3 %) и Стручни, научни и технички дејности (4,3 %).

Растот на просечната бруто плата во јуни 2020 година се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната бруто плата во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (18,5 %), Рударство и вадење камен (15,9 %) и Образование (13,6 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто плата во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (14,1 %), Рударство и вадење на камен (6,5 %) и Преработувачка индустрија (4,2 %).

Фото: Freepik