Колкава дивиденда планира да подели Комерцијална банка за 2022 година

372

Износот на дивиденда, согласно Предлог-одлуката за употреба и распоредување на нераспределената добивка до 31.12.2022 година, донесена од Надзорниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје на 22.02.2023 година, изнесува:

– за 1 обична акција бруто-износ од 500,00 денари, односно 50,0 % во однос на номиналната вредност од 1.000,00 денари.

За предложениот износ на дивидендата за 2022 година, акционерите ќе се известат преку Повикот за учество на Годишното собрание на акционери на Банката.,Собранието на акционерите на Комерцијална банка АД Скопје ќе се одржи на 29.03.2023 година, а датумот на евиденција според кој ќе се определи листата на акционери кои имаат право на дивиденда за 2022 година, е 18.04.2023 година.

Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2022 година е 12.04.2023 година.

Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2022 година е 13.04.2023 година.

Исплатата на дивиденда за 2022 година ќе започне на 04.05.2023 година.

Дивидендата за 2022 година ќе се исплатува во готово.

Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето.