Колкава е цената на струјата за домаќинства во ЕУ, а колкава кај нас?

1056

Во првата половина од година, просечната цена на електричната енергија во домаќинствата во Европската унија (ЕУ) изнесува 21 евро за 100 киловатчас (kWh), покажува европската статистика.

Давачките претставува повеќе од една третина или 37% од сметките за електрична енергија што ги плаќале домаќинствата во ЕУ.

На ниво на Унијата, најниска цена на електрична енергија плаќаат жителите на Бугарија – 9,9 евра за 100 киловатчас, потоа жителите на Унгарија со 11,2 евра и Литванија со 12,5 евра. Од друга страна, пак, најскапа струја плаќаат домаќинствата во: Германија (30,9 евра), Данска (29,8 евра) и Белгија (28,4 евра).

Македонија, според податоците, плаќа 7,83 евра за 100 киловатчас електрична енергија, што е меѓу најниските цени и далеку под европскиот просек.

Од земјите во регионот, најевтина струја плаќаат домаќинствата на Србија со 7,06 евра за киловатчас. Потоа следуваат: Босна и Херцеговина (8,72 евра), Црна Гора (10,32 евра), Хрватска (13,21 евра) и Грција (16,5 евра).

Фото: Pixabay