Колкави се платите на сезонските работници: 700 евра за келнери, 1.200 евра за готвачи

64

Во претходните години, летото беше период во којшто понудата на работни места и побарувачката за работна сила беше најголема. Пандемијата на коронавирусот ги наруши сите планови минатата година и сезонските работници ја изгубија можноста за солидна заработка, пишува Блиц.

Оваа сезона можеби не може да се спореди со сезоните 2019 или 2018 година, но како одминува времето, се повеќе се отвораат можности за работниците. За тоа сведочи зголемениот број на објави што кружат на социјалните мрежи, во кои се нудат бројни работни места во туристички дестинации низ Европа.

Келнерите се плаќаат 700 евра, готвачите 1.200 евра

Како што пишува Блиц, во Бока Которска за бармени се нуди плата помеѓу 800 до 900 евра, за келнери 700 евра, готвачи 1.200 евра, помошници готвачи 700 евра. Се работи во две смени од осум до 16 часот и од четири до 12, но работниците имаат и еден слободен ден неделно.

Недостаток на работна сила низ цела Европа

Поради новонастанатите околности поврзани со пандемијата на коронавирусот, грчките угостители сега имаат проблем со недостиг на работници, па затоа тргнаа во потрага по евтина работна сила.

Сличен тренд е во Норвешка, каде има и недостиг на работници во угостителството. Велика Британија исто така се соочува со недостаток на сезонска работна сила, не успевајќи да ја исполни побарувачката на работна сила во земјоделскиот сектор.

Фото: Pixabay