Колкаво наследство остави Марадона?

83

По смртта на еден од најголемите фудбалери на сите времиња, Диего Марадона, останаа многу проблеми, посебно околу тоа кој ќе го наследи неговото богатство што се проценува на околу 50 милиони долари.

Богатството на Марадона се состои од недвижен имот, станови и куќи во елитни делови на Буенос Аирес. Тој, исто така, бил сопственик на фабрика во Венецуела, луксузен хотел во Хавана, автомобили и накит.

Медиумите во Аргентина пишуваат дека досега се јавиле 16 членови од семејство на Марадона како можни наследници.

Марадона законски признал пет деца, а медиумите пишуваа дека има 11 деца со седум различни жени. Законски признаените деца имаат право на удел, а оние кои не се сега ќе бараат вештачење за да се докаже нивното потекло.

Фото: Facebook