Во Македонија минатата година имало 59,85 банкомати на 100.000 возрасни граѓани, што претставува зголемување во однос на 2017 година, кога имало 59,44 банкомати, покажуваат податоците од истражувањето на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за пристап до финансии.
Според податоците, во Македонија пред шест години, односно во 2013 година имало 54,04 банкомати на 100.000 возрасни граѓани.
Кога станува збор за експозитури на комерцијални банки, минатата година во земјава имало 24,17 на 100.000 возрасни жители, што е намалување во споредба со 2017 година, кога имало 25,66 експозитури на банки на 100.000 жители.
Во однос на позајмувањето кредит од комерцијалните банки, податоците на ММФ велат дека лани 345,39 лица од 1.000 возрасни жители земале кредит. Една година претходно 339,23 на 1.000 возрасни жители се задолжиле со кредит во некоја од комерцијалните банки во земјата, додека тој сооднос во 2013 година бил 312,97 на 1.000 возрасни жители.
Фото: Pixabay