Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во ноември 2019-та година, изнесува 25.787 денари, додека во бруто износ е 38.319 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2019 година, во однос на истиот период лани, е зголемена за 5,1%.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (9,5%), Преработувачка индустрија (8,9%) и Дејности на здравствена и социјална заштита (8,2%).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Административни и помошни услужни дејности (3,8%), Стручни, научни и технички дејности (2,1%) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (1,6%).
Фото: Pexels