Колку чај извезуваме во светот?

67

Македонија е 102-ра земја во светот по извоз на чај со 58.000 долари во текот на минатата година или над 26% повеќе во однос на една година претходно.

На глобално ниво минатата година извозот на чај беше на ниво од 6,4 милијарди долари, што е пад од 18,8% во однос на 2018-та година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Од земјите во светот, извозник број еден лани беше Кина со две милијарди долари или удел од 31,8%. Меѓу петте најголеми извозници на чај лани беа и: Индија (803 милиони долари), Шри Ланка (721,3 милиони долари), Кенија (360,9 милиони долари) и Полска (255,2 милиони долари).

Од земјите во регионот, најголем извозник е Бугарија со 2,8 милиони долари, а по нејзе следуваат: Грција (895.000 долари), Хрватска (699.000 долари), Словенија (584.000 долари) и Србија (455.000 долари).

Фото: Freepik