Колку често бараме совет од “доктор Google“?

32

Еден од двајца жители (53%) на Европската унија, на возраст од 16 до 74 години, во последните три месеци од минатата година, онлајн пребарувале информации поврзани со повреди, заболувања, исхрана, подобрување на здравјето и слично, покажуваат податоците на Eurostat.

Во Македонија, 45% од интернет корисниците пребарувале информации поврзани со своето здравје. Тој процент е во континуиран раст од 2010 година (16%), преку 39% во 2018 година.

Најголем процент е забележан во Финска, каде 76% од интернет корисници пребаруваат информации поврзани со нивното здравје. Потоа следуваат: Холандија (74%), Кипар (69%), Данска (67%) и Германија (66%).

Од друга страна, најмалку здравствени информации преку интернет пребаруваат? Бугарија (30%), Романија (31%), Италија (35%), Полска (47%), Латвија и Словенија (по 48%).

Фото: Pexels