Колку чини да се инвестира во една топ франшиза во светот?

25

Фото: Pixabay

Се проценува дека во САД има околу 750.000 различни франшизи. Иако поголемиот број луѓе франшизите ги поврзуваат со ресторани за брза храна, сепак праксата покажува дека постојат огромен број различни индустрии во коишто има можност за купување франшиза.

Порталот howmuch.net направи листа според која се одредуваат иницијалните трошоци за инвестирање во најдобрите светски топ франшизи:

  1. McDonald’s – од 1.058.000 до 2.230.000 долари
  2. Dunkin’ – од 228.621 до 1.717.103 долари
  3. Sonic Drive In – од 865.000 до 3.641.300 долари
  4. Taco Bell – од 525.100 до 2.622.400 долари
  5. The UPS Store – од 168.885 до 398.323 долари
  6. Cuvler’s – од 2.043.000 до 4.652.000 долари
  7. Planet Fitness – од 600 до 4.242.500 долари
  8. Great Clips – од 136.900 до 258.250 долари
  9. Jersey Mike’s Subs – од 178.523 до 746.342 долари
  10. 7-Eleven – од 47.050 до 1.165.400 долари.