Една учебна година за едно дете во приватно основно училиште во Швајцарија чини 23.583 евра, покажуваат податоците на Numbeo. Ова е највисоката цена што се плаќа за приватно основно образование во светот, а по Швајцарија следуваат: Сингапур (18.138 евра), Јужна Кореја (16.377 евра), САД (15.516 евра) и Јапонија (15.408 евра).
Од земјите во регионот, Словенија е на 13-то место со 10.500 евра за една учебна година, 12 места подолу е Црна Гора со 8.444 евра, додека Грција е 35-та со 6.893 евра. Во Србија една учебна година во приватно основно училиште во просек чини 5.204 евра, во Бугарија 4.149 евра, додека во Хрватска тој износ е 3.917 евра. Босна и Херцеговина е 76-та во светски рамки со просечна годишна школарина од 2.831 евро, а едно место подолу е Македонија со 2.824 евра.
Најевтино приватно основно образование имаат: Шри Ланка (789 евра), Сирија (827 евра), Пакистан (898 евра), Иран (1.340 евра) и Непал (1.406 евра).
Фoто: Pixabay