Колку чини Starbucks кафе ширум светот?

171

Цените на популарното кафе од компанијата Starbucks во скоро 16.000 продавници ширум светот варираат. Finder.com направи споредба на цените со конвертирање на сите цени во долари.

Според оваа платформа, жителите на Данска плаќаат најскапа цена за топол пијалак – 6,05 долари. Швајцарија е на второ место на меѓународно ниво со 5,94 долари за лате, а Финска е на третото место со 5,40 долари. Германија е на деветтото место на оваа листа – тука едно лате чини 4,39 долари. Најевтиното кафе, според finder.com, е во Турција и чини 1,78 долари за лате.

Кога станува збор за Европа, споредбата на finder.com покажува дека кафето во северна Европа, т.е. Данска, Шведска и Финска (просечно е 6,35 долари за лате) се за 20 центи повисоки отколку во Западна Европа (просечно 6,05 долари), додека цените во јужна и источна Европа се пониски. Ова е приближно во согласност со трошоците за живот во овие области.

Од друга страна, изненадувачки е што САД се наоѓаат на 16-то место на ранг-листата на finder.com со само 4,30 долари по чаша пијалак. Големо капучино чини во просек 2,75 долари, а во Њујорк е најскап во целата земја со 3,25  долари. Таму чини помалку отколку во Минхен или Берлин, на пример – иако Њујорк е познат како скап град.

Според годишниот извештај за 2019 година, Starbucks во изминатите три години оствари повеќе од 70 % од продажбата на пијалоци, а само 20 % од приходите доаѓаат од продажба на мафини и слични производи.

Фото: Pixabay