Колку енергетиката зависи од фосилните горива

25

Во текот на 2019 година, фосилните горива беа 71% од бруто достапната енергија во Европската унија. Овој процент има значително намалување во последните децении, поради зголемениот удел на обновливите извори на енергија. Од 1990-та, прва година за којашто се достапни податоци, процентот на удел на фосилните горива во ЕУ се намали за 10,9 процентни поени, покажуваат податоците на Eurostat.

Во 2019 година, Малта била земја со најголем удел на фосилните горива во производство на енергија и тоа 97%. Потоа следат Кипар и Холандија (по 92%), Полска (90%), Ирска (89%), Грција (86%) и Луксембург (82%). Поголемиот дел од земјите членки имаат удел меѓу 60 и 80%. Под 60% имаат само: Шведска (32%), Финска (43%) и Францiја (50%).

Според податоците, Македонија во 2018 година има 79,33% удел на фосилните горива во вкупната енергија потребна на земјата. Една година претходно (2017) тој процент бил 81,29%.

Фото: Freepik