Колку инкасираше земјава од извоз на сирење?

46

Македонија минатата година, според анализа на податоците на World top exports, од извоз на сирење заработи 1.743.000 долари. Со оваа висина на извоз, земјава е 82-ра во светски рамки.

На глобално ниво, извозот на сирење во 2018 година достигна 32 милијарди долари. Петте најголеми извозници на овој млечен производ се: Германија (4,5 милијарди долари), Холандија (четири милијарди долари), Франција (3,6 милијарди долари), Италија (3,2 милијарди долари) и Данска (1,7 милијарди долари).

Од земјите во регионот, најголем извоз на сирење лани имаше Грција – 530,4 милиони долари. Потоа следуваат: Бугарија (96 милиони долари), Србија (53,6 милиони долари), Хрватска (41,5 милиони долари), Словенија (37,9 милиони долари) и Босна и Херцеговина (3,8 милиони долари).

Фото: Pixabay