Колку километри автопат има Македонија?

95

Хрватска е лидер од земјите на Западен Балкан по број на километри автопат (1.306), покажува анализата на Радио Слободна Европа, согласно податоците на Хрватското здружение на концесионери за автопати со наплата на патарина; Автопати на Федерација БиХ; Автопати на Република Српска; Министерство за транспорт и врски на Македонија; Bechtel; Јавно претпријатие Патишта Србија од март оваа година.

На второ место по број на километри автопат се најде Србија со 971 километар, а трета е Македонија со 280 километри автопат.

Зад нас е Босна и Херцеговина со 219 километри автопат, па Косово со 167 километри, додека на дното е Црна Гора со ниту еден километар автопат.

Фото: Freepik