Колку лица со инвалидитет се вработени во земјава?

171

Во 2018 година, бројот на лица со инвалидитет вработени во компании за вработување инвалиди е 2.014, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Од вкупниот број, 2.012 работат во компании што вработуваат лица со инвалидитет, додека двајца од нив работат од дома. Од 2.014 лица со инвалидитет, кои се вработени, 703 се жени. Само една од нив работи од дома, а останатите во компании што вработуваат лица со инвалидност.

Во 2017 година, вкупниот број на вработени лица со инвалидитет беше 2.195. Oд нив 2.179 работат во компании што вработуваат лица со инвалидитет, а 16 работеле од дома.

Од вкупниот број на лица со инвалидитет, кои се вработени, најголемиот дел или 891 имаат проблеми со психичкиот развој. Потоа, 461 лице, што е вработено, има физички инвалидитет, 303 други видови на инвалидитет, 244 се со оштетен слух, а 115 со оштетен вид.

Во текот на минатата година, вкупно 4.664 лица биле вработени во овој вид на компании. Од лицата со инвалидитет (2.014), најголем дел се занимаваат со елементарни занимања, 360 со занимања за неиндустриски начин на работа во производството, а 292 лица се ракувачи и составувачи на машини и постројки.

Според степенот на образование, од вкупно 2.014 лица со инвалидитет, 1.007 имаат само основно образование, 979 се со средно училиште, додека 24 се со високо образование.

Фото: Pixabay