Колку пари чини изградба на куќа на Месечината?

87

Финансискиот аналитичар Салман Хаки спроведе истражување чија цел е да каже колку пари чини изградба на куќа ни помалку ни повеќе туку на Месечината. На крајот добил цифра од 60 милиони долари што и не е премногу висока, имајќи ја предвид локацијата. Секако, тоа не значи дека некој кој има 60 милиони долари би можел да изгради куќа на сателитот на Земјата, бидејќи Илон Маск веќе би можел да изгради цели гратчиња, но станува збор за некоја информативна пресметка што ги анализира различните фактори важни за теоретска изградба на Месечината.

Во пресметката влегуваат трошоци како што се специјални материјали потребни за изградба (на пример, прозорци отпорни на метеори), коишто би можеле да ја издржат атмосферата, трошоци за патување од Земјата до Месечината, превоз на материјали, како и трошоци за астронаутите, што се далеку повисоки од саатниците на градежните работници на нашата планета, пренесува Zimo.dnevnik.hr.

Аналитичарот смета дека изградбата на куќа на Месечината би можела да поевтини, затоа што генераторите за струја, алатите и работниците веќе би биле таму, па нема да има потреба да се испраќаат, што ќе ги намали трошоците за овој градежен потфат.

Во тој случај, цената на куќи на Месечината би биле “само“ 51 милион долари.

Фото: Pixabay