Колку пари “одат“ на храна и пијалаци?

38

Во текот на минатата година, домаќинствата во земјите членки на Европската унија потрошија околу 956 милијарди евра или околу 6,8% од бруто домашниот производ на ЕУ на храна и безалкохолни пијалаци, покажуваат податоците на Eurostat.

Тоа претставува 13% од вкупните трошоци и ги рангира на тето место зад трошоците за одржување на домот, струја, вода… што зафаќа 23,5% и трошоците за транспорт од 13,1%.

Едно домаќинство во Романија троши околу една четвртина од своите приходи на храна и пијалаци (26%), по што следат домаќинствата во Литванија (20,2%) и Естонија(19,3%).

Од друга страна, најмали трошоци за храна во однос на вкупните трошоци на домаќинството има во Ирска (8,63%), Луксембург (8,9%) и Австрија (9,7%).

Синдикалната минимална кошница за ноември, според Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), изнесува 33.742 денари.

Од тој износ, најмногу пари или 14.149 денари (41,93%) отпаѓаат на исхрана и пијалаци. Потоа следуваат трошоците за домување од 10.808 денари (32,03%), за превоз 2.464 денари (7,30%), па за хигиена од 2.375 денари (7,04%), додека за облека и обувки се одвојуваат 2.161 денари или 6,41%.

Фото: Freepik