Колку пари се трошат на храна за две недели во карантин?

104

Коронавирусот “заглави“ милиони луѓе ширум светот во карантин поради опасноста од ширење на заразата. Порталот Howmuch.net направи анализа на трошоците за храна што ги имаат Американците во просек за поминати две недели во карантин.

Според податоците, за овој период се трошат по 139 долари по лице. Најголем дел од трошоците отпаѓаат за набавка на храна богата со протеини или 39,96 долари. Од таквата храна, Американците најмногу купуваат туна во конзерва и за тоа плаќаат околу 13,48 долари, потоа скоро 10 долари даваат за замрзнати кокошки, 8,98 долари за јаткасти плодови и семиња, 5,44 долари за путер од кикирики и 2,30 долари за јајца.

За зеленчук, еден Американец во просек, за две недели во карантин, купува домати во конзерва и за тоа одвојува околу четири долари, а скоро 16 долари отпаѓаат на замрзнат зеленчук.

Скоро 20 долари од буџетот на секој поединец, одат за тестенини и житарки, за млечни производи околу 15,50 долари, додека за масло 5,96 долари.

Фото: Pixabay