Колку пари за живејачка ни беа потребни во ноември?

40

Синдикалната минимална кошница за ноември, според Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), изнесува 33.742 денари.

Од тој износ, најмногу пари или 14.149 денари (41,93%) отпаѓаат на исхрана и пијалаци. Потоа следуваат трошоците за домување од 10.808 денари (32,03%), за превоз 2.464 денари (7,30%), па за хигиена од 2.375 денари (7,04%), додека за облека и обувки се одвојуваат 2.161 денари или 6,41%.

Во текот на ноември, најмалку пари се потрошени за култура (1.066 денари или 3,16%) и одржување на здравје (716 денари или 2,12%).

Фото: Freepik