
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2023 година деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност потрошиле градежни материјали и енергија во вредност од 11 859 712 илјади денари, што е за 6.6 % повеќе во однос на претходната година.
Во вкупната вредност на потрошените градежни материјали и енергија најголемо учество има групата Материјали за врзување со 5 065 871 илјадa денари (42.7 %), потоа следат групите Потрошено гориво со 1 765 874 илјади денари (14.9 %), Материјали за армирање и прицврстување со 1 350 812 илјади денари (11.4 %) итн..











