Колку “тежи“ најплатениот спортист на планетата?

99

Прв на листата најплатени спортисти на планетата е Швајцарецот Роџер Федерер. Неговото богатство, според магазинот Forbes, се проценува на 106,3 милиони долари, од коишто 3,6 милиони долари се заработка од тениските турнири, а 100 милиони долари од спонзорски договори. Магазинот нотира дека Федерер го “крши мразот“ на листата на Forbes за најплатени спортисти, што се објавува уште од 1990 година, бидејќи е прв тенисер што е на чело на оваа листа.

Зад тенискиот ас се најде Португалецот, Кристијано Роналдо, чие богатство е 105 милиони долари. Роналдо од фудбалот заработи 60 милиони долари, а 45 милиони долари му носат спонзорските договори. Трет на листата е Аргентинецот Лионел Меси со имот вреден 104 милиони долари. Платата на Меси се проценува на 72 милиони долари, а спонзорските договори му носа 32 милиони долари.

Првата “петорка“ најплатени спортисти ја завршуваат уште еден фудбалер и еден НБА играч. Четврти е Бразилецот Нејмар со богатство од 95,5 милиони долари (70,5 милиони долари од плата и 25 милиони долари од спонзорски договори), а петти е Американецот Леброн Џејмс со сметка од 88,2 милиони долари, од кои 28,2 милиони долари се од плата, а поголемиот дел од спонзорства.

Фото: Freepik