Колку трае работното време од дома?

63

Bloomberg објави актуелна статистика поврзана со работа од дома во време на корона, којашто покажува дека работниците сега работат многу повеќе часови од пред 11 март, додека многумина уште работеа во канцеларија.

Анализата ја направила NordVPN Teams и според нив, во САД вработените работат во просек три часа подолго од пред 11 март. Од друга страна оние од Велика Британија, Франција, Шпанија и Канада дневно поминуваат два часа подолго од претходно. Повеќе работат во Данска, Холандија, Белгија и Австрија, додека во Италија ситуацијата останала непроменета.

Сега кога не мора да се подготвуваат и возат до работа, забележано е дека вработените работниот ден го започнуваат порано.

Анкетата во 2019 година спроведена на 500 лица откри дека луѓето кои работат од дома месечно во просек работеле скоро еден ден и половина повеќе од оние  во канцеларија.

Фото: Pexels