Колку трошат жителите на ЕУ на ручек или вечера во ресторан?

103

Во текот на минатата година, во Европската унија, се потрошени околу 600 милијарди евра или 3,8% од вредноста на БДП на земјите членки на ЕУ на храна во ресторани, кафулиња, кантини и слично.

Во просек, кетеринг услугите на домаќинствата во ЕУ зафаќаат 7% од вкупната потрошувачка.

Според податоците на Eurostat, најголем процент на овој вид услуги користат жителите на Ирска (14,4%), по што следуваат: Шпанија (13%), Малта (12,6%) и Грција (12,4%). За разлика од нив, Романците на кетеринг услуги потрошиле само 1,9% од нивните буџети, по што следуваат Полска (3%) и Литванија (3,4%).

Фото: Pexels