Колку вредат Toyota, Tesla, VW, Ford?

98

Највредна компанија за производство на автомобили, според цената на акции, е Toyota, којашто има пазарна капитализација од 200 милијарди долари.

Вредноста на акциите на американската компанија Tesla се во голем раст, така што оваа компанија сега вреди скоро како двата американски ривали General Motors (GM) и Ford заедно.

Акциите на Tesla достигнаа рекорд од скоро 476 долари по акција. По оваа цена вкупната пазарна вредност на компанијата е скоро 86 милијарди долари. Пазарната капитализација на GM е околу 50 милијарди, a на Ford 37 милијарди долари.
Tesla вреди 15 милијарди повеќе од Fiat Chrysler и Ferrari заедно.

Американскиот производител на електрични автомобили и понатаму заостанува зад Volkswagen којшто на пазарот на капитал вреди 96 милијарди долари.

Фото: Pexels