Колку заработуваат производителите на автомобили во секунда?

126

Од нивното измислување, автомобилите се движечка сила на светската економија. Тие се користат секојдневно во различни прилики, како на пример одење на работа, на одмор, за превоз на стока.
Автомобилот стана составен дел од секојдневниот живот на луѓето, толку многу што лани се произведоа 92 милиони единици ширум светот.

Visual Capitalist спроведе истражување во кое ги собра приходите на 19-те најголеми производители на автомобили. Да ни даде подобра идеја за огромните пари што кружат во индустријата, оттаму го пресметаа бруто приходот на компаниите заработени во една секунда.

На рангирањето, групата Volkswagen е лидер со 9.200 долари во секунда, пред Toyota со 8.634 и Ford со 4.946 долари. Првите пет се надополнети со Honda и GM со по 4.537 и 4.351 долари во секунда.

За споредба, Tesla како компанија која во моментов има најголема вредност на берзата, стигнува до само 780 долари по секунда, или 12 пати помала сума од таа на лидерот Volkswagen.

Фото: Freepik