Поради зголемување на основната каматна стапка на благајничките записи за 0,75 процентни поени, почнувајќи од први јуни оваа година, Комерцијална банка изврши зголемување на каматните стапки на долгорочните денарски штедни влогови (орочени на 12,24 и 36 месеци ) од 0,20 до 0,40 поени.
Во исто време, банката изврши намалување на каматните стапки на дел од орочените девизни штедни влогови и тоа кај ЕУР од 0,01 до 0,20 процентни поени и кај другите валути од 0,10 до 1,30 процентни поени.
Банката, како што стои во соопштението, не изврши зголемување на каматните стапки на кредитите за стопанството, како ни на најатрактивните кредитни производи за населението – станбени и потрошувачки кредити со ЕУР клаузула, а изврши зголемување на дел од денарските кредити за население за максимум 0,5 процентни поени годишно.
Согласно договорот за кредит, банката ќе исплати писмено известување на домашна адреса на кредитокорисниците, кое содржи податоци за извршената промена, висината на каматната стапка и податоци за висината на месечниот ануитет по промената на каматната стапка.