Комерцијална банка ја разгледува можноста за преземање на Еуростандард банка

32

Комерцијална банка АД Скопје ја известува јавноста дека ја разгледува можноста за стекнување акции издадени од Еуростандард банка АД Скопје, поради што е остварен контакт со раководството на банката за првична размена на информации, стои во известувањето доставено до Македонска берза.

Во оваа рана фаза, постапката не претставува намера за преземање и во ниту еден аспект нема обврзувачки карактер, освен да го изрази првичниот интерес во рамки на претходна постапка да се стекнат информации, врз основа на кои би се дефинирала евентуална намера за преземање во иднина.

Поради тоа, ова известување не треба да се толкува како официјална Намера за преземање на акциите издадени од Еуростандард банка АД Скопје.

Фото: Pixabay