Комерцијална банка ќе исплати дивиденда кога ќе престане да важи ограничувањето

55

Комерцијална банка донесе предлог одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка до 31.12.2020 година.

“Нераспределената добивка на банката до 31.12.2020 година во вкупен износ од 1.911.966.291 денари се распоредува на: износот од 294.526.091 денари се распределува во резерви; износот од 250 милиони денари се распределува во задржана добивка за инвестициски вложувања – реинвестирана добивка што банката ќе ја користи во 2021 година; износот од 1.367.440.200 денари останува како задржана добивка за распределба на акционерите, до денот кога за банката престане да важи ограничувањето на распределбата и исплатата на дивиденда: со престанок на важност на одлуката за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките од 26.02.2021 година или со донесување на решение, одлука или друг акт на надлежен орган со којшто за банката ќе престане да важи ограничувањето на распределбата и исплатата на дивиденда“, стои во предлог одлуката.

На денот кога за Банката ќе престане да важи ограничувањето на распределбата и исплатата на дивиденда на еден од начините предвидени во претходниот став, задржаната добивка расположлива за распределба на акционерите во износ од 1.367.440.200 денари ќе се распредели како дивиденда за обични акции.

“Добивката што се распределува во задржана добивка за инвестициски вложувања (реинвестирана добивка) служи за развојни цели на Банката, односно за вложувања во материјални и нематеријални средства за проширување на дејноста, а со тоа и за остварување на правото за намалување на даночната основа на данок на добивка. Добивката што се распределува во задржана добивка за инвестициски вложувања се вклучува во пресметката на редовниот основен капитал на Банката и го зголемува истиот, при што истата не е расположлива за исплата на дивиденда на акционерите во иднина (ќе биде ограничена за распределба на акционерите)“, стои во предлог одлуката.

За една обична акција бруто износ од 600 денари, односно 60% во однос на номиналната вредност од 1.000 денари.

Фото: Pexels