Комерцијална банка најдобра за девизно работење според Global Finance

27

komercijalna[5]Според магазинот Global Finance Комерцијална банка АД Скопје е оценета како најдобра банка во Македонија за девизно работење за 2012.

Изборот за најдобри банки во светот за девизно работење го направија уредниците на Global Finance во соработка со индустриски аналитичари, директори на корпорации и технолошки експерти.

Критериумите за избор беа големина на трансакција, удел на пазар, обем на глобална покриеност, услуги на клиенти, конкурентни цени и иновативни технологии.