Комерцијална банка намалува дел од каматните стапки

55

komercijalna-banka-logo

Поради намалувањето на референтната каматна стапка за пресметување на законската казнена камата, Комерцијална банка АД Скопје, почнувајќи од 01.07.2017 година, ќе изврши намалување на каматните стапки кај дозволеното пречекорување на трансакциските сметки за физички лица и кај дел од кредитните картички за правни и физички лица. Намалувањето се движи од 0,25 до 0,5 процентни поени.

Истовремено, почнувајќи од први јули оваа година, Банката нема да исплаќа камата на позитивното салдо на сите денарски и девизни трансакциски сметки. Каматната стапка на штедните влогови по видување останува непроменета.

Новите каматни стапки се подетално наведени на веб-страницата на Банката кај секој поединечен производ, а клиентите ќе добијат и порака преку изводот од сметката/картичката.