Комерцијална банка првото тримесечје го заврши со добивка од 39 милиони денари

13

komercijalna-banka-logo

Комерцијална банка, од први јануари до 31-ви март оваа година, прикажа добивка од 39.011.000 денари, покажува тримесечниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период претходната година, банката прикажа 170.059.000 денари добивка.

“Влијание врз намалениот финансиски резултат во извештајниот период има значителното зголемување на исправката вредност на корпоративните кредити поради влошување на квалитетот на портфолиото што беше очекувано и се цени дека ваквата динамика ќе се задржи до крајот на првото полугодие“, стои во Коментарот на неконсолидираниот неревидиран биланс на успех.

Нето приходите од камата во првото тримесечје од 2017 година изнесуваат 728.388.000 денари, наспроти 784.374.000 денари во првите три месеци од минатата година.

Нето приходите од камата бележат намалување од % во однос на истиот период од минатата година. Намалувањето е резултат на намалената состојба и воздржување од дополнителна кредитна изложеност кај нефинансиските правни лица заради натамошно влошување на квалитетот на портфолиото“, стои во Коментарот.

Нето приходите од провизии и надоместоци заклучно со 31-ви март имаат салдо од 199,8 милиони денари и во однос на истиот период лани бележат намалување од 5,2%.

Исправката на вредност на финансиските средства на нето основа на 31.03.2017 година, како што се наведува, достигна износ од 606,6 милиони денари и во однос на истиот период лани бележи зголемување од 53,8%.