Комерцијална банка со добивка од над 97,8 милиони денари во 2014 година

13

komercijalna banka

Комерцијална банка оствари добивка во висина од 97.859.000 денари за период од први јануари до 31 декември 2014 година, покажува консолидираниот биланс на успех на банката, објавен на Македонска берза.

“Во периодот 01.01-31.12.2014 година Комерцијална банка АД Скопје од своето работење на консолидирана основа оствари нето добивка за финансиската година во износ од 97,9 милиони денари. Вкупната актива на консолидирана основа изнесува 92.772,0 милиони денари, додека консолидираниот износ на капиталот и резервите со состојба 31.12.2014 година изнесува 9.528,6 милиони денари“, стои во коментарот на консолидираниот неревидиран биланс на состојба и успех на Комерцијална банка со состојба на 31.12.2014.

Истиот период минатата година, банката оствари добивка од 81.884.000 денари.

Нето приходите од камата на крајот на 2014 година беа на ниво од 2.827.131.000 денари, додека во истиот период претходната година тие беа 2.966.256.000 денари.

Основната заработка по акција изнесува 43.000 денари, додека во 2013 година таа била на ниво од 36.000 денари.