Комерцијална банка со e – mail известувања според интересите на клиентите

25

komercijalna-banka-logo

Комерцијална банка АД Скопје најавува почеток на редовна комуникација со своите клиенти преку електронска пошта (e – mail).

Отсега, клиентите ќе можат да добиваат e – mail известувања за најновите производи, промоции, подобрувања на услугите и други новитети коишто ќе бидат од нивен интерес. Клиентите – физички лица ќе можат самите да изберат теми од интерес за известувања, и тоа во следните области: картички, штедење, кредити и други производи и услуги (сметки, Интернет банка, сефови, хартии од вредност итн.)

Известувањата ќе се испраќаат согласно изборот на клиентот, а ќе биде отворена и можност за промена на темите од интерес или целосно откажување на приемот.

Вклучувањето на опцијата и изборот на теми од интерес може да се направи преку Интернет банката, мобилната апликација мБанка или на шалтерите во која било експозитура или филијала на Банката.