Комерцијална банка со свечена Академија прослави 60 години постоење

39

Комерцијална банка АД Скопје вчера вечер со свечена Академија прослави 60 години од своето постоење, пишува Макфакс.

“Во изминатите 60 години први во државата направивме многу работи кои не донесоа до врвот. Вистина е дека е многу потешко е да се остане горе отколку да се искачува“, порача главниот извршен директор на Комерцијална банка АД Скопје, Хари Костов.

Вкупната актива на банката заклучно со 31.12 2014 година достигнала 92,8 милијарди денари, што претставува пораст од 6,8% на годишно ниво.  Најголемо учество во вкупната актива од 51,4% бележат нето кредитите одобрени на клиенти. Нивниот вкупен износ изнесува 47,6 милијарди денари. Во 2014 година, банката забележала пораст на депозитите во услови на засилена конкуренција и намалени каматни стапки. Така, вкупните депозити на крајот на 2014 година достигнале износ од близу 80 милијарди денари, при што доминантна категорија и натаму се депозити на домаќинствата кои изнесуваат 59 милијарди денари. Од аспект на валутната структура, учеството на денарските депозити е поголемо и изнесува 54%.

Банката работи со повеќе од 41.000 корпоративни клиенти и со 890.000 граѓани и има 85.000 корисници на услуги на интернет и 4.200 корисници на новите услуги на мобилното банкарство. Комерцијална банка традиционално држи околу 30% од македонскиот банкарски пазар, а успеа да ја задржа улогата на лидер во финансиското посредување.

Комерцијална банка АД Скопје е на прво место во државата во неколку значајни категории, како што се големината на вкупната актива, депозитите на домаќинствата, одобрените кредити на нефинансиски правни лица, финансирање на надворешно – трговското работење и бројот на отворени денарски сметки на правни лица, додека според големина на капиталот е втора по вредност.