Комерцијална во загуба од 526,8 милиони денари за три месеци

20

komercijalna banka

Комерцијална банка евидентираше загуба од 526,8 милиони денари во периодот од први јануари до 31-ви март оваа година, покажува неконсолидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.

Во истиот период лани, загубата на банката беше во висина од 99,7 милиони денари.

“Остварената добивка пред исправка на вредност, што претставува показател за оперативната способност на банката да и покрива расходите од работењето е за 35,3% повисока во однос на минатата година што се должи во најголем дел на зголемување на нето приходите од камата и останатите приходи од дејноста,а  во помал дел и на зголемените нето приходи од провозии и надоместоци, при истовремено намалување на останатите расходи од дејноста“, се вели во Коментарот на неревидираниот и неконсолидиран биланс на успех.

Вкупните приходи од работењето, како што стои во Коментарот, изнесуваат 1.057,7 милиони денари и бележат пораст од 14,2% во однос на истиот период лани.

Во однос на очекувањата за 2015 година, во коментарот се наведува дека се очекува годинава да биде слична како и претходната година, со продолжување на солидниот економски раст и задржување на деловниот амбиент.

На седницата на Собранието на акционери на банката беше донесена одлука целата нераспределена добивка да биде распоредена во резервите на банката и нема да има дел за исплата на дивиденда на акционерите.