Комисијата за хартии од вредност во работна посета на КХВ Словенија

25

Претставници на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија (КХВ) заедно со Комисионерката Лиле Делиџакова беа во работна посета на Агенцијата за пазар на хартии од вредност на  Република Словенија во Љубљана.

Директорот на Агенцијата за пазар на хартии од вредност Г-дин Милош Час имаше воведно обраќање во кое ги отслика пазарните движења и состојби во Словенија и изрази подготвеност со сите ресурси да и помогне и да ја поддржи  Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија при нејзиниот информатичко-технолошки  развој и унапредување на капацитетите.

Беа реализирани неколку работни сесии со Стручните лица кои го изработиле нивниот Информатички систем за известување и обработка на податоци, преку кој овластените учесници на пазарот ги доставуваат своите финансиски и нефинансиски известувања, кои потоа на соодветен начин и во специфичен формат се обработуваат за потребите на регулаторот.

Овој систем содржи компонента за размена на информации и податоци поврзани со трговски трансакции кои се случуваат на пазарите на капитал на сите држави членки на ЕСМА.