Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност ќе одлучува за поскапувањето на полисата

12

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност денеска треба да го разгледа извештајот од Националното биро за осигурување (НБО) за оправданоста и исправноста на одлуката за зголемување на цената на полисата за задолжителното автомобилско осигурување од страна на осигурителните компании.

Се очекува да бидат преземени соодветни чекори во насока на заштита на крајните потрошувачи.

Во Комисијата за автомобилска одговорност, која е именувана од страна на Владата согласно Законот за задолжително осигурување во сообраќајот, има членови од Министерството за финансии (МФ), Националното биро за осигурување (НБО) и Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО).

Комисијата е надлежна да ја утврдува премијата за осигурување која ја плаќа осигуреникот, a која се состои од техничка премија, што ја утврдува Владата на предлог на Комисијата, и дел на премија за вршење на дејноста на осигурување што ја утврдуваат осигурителните друштва самостојно со посебна одлука на Друштвото за осигурување.

Со донесените одлуки за зголемување на цената на полисата за задолжителното автоосигурување од страна на осигурителните компании за 15,44 отсто поскапува полисата што ја плаќаат граѓаните при регистрација на нивните возила со моќност од над 44 киловати. Поскапувањето е од 840 па до речиси 1 600 денари во зависност од моќноста на возилото