Компании со најголема пазарна капитализација во 2020 година

121

Македонски Телеком во текот на 2020 година достигна пазарна капитализација од 30.093.376.920 денари, покажува Годишниот статистички билтен.

Во текот на минатата година, со овие акции се направени 315 трансакции и вкупен промет од 34.056.790 денари.

Втора компанија, според вредноста на акциите помножена со нивниот вкупен број, е Стопанска банка со 19.991.556.896 денари. Прометот остварен минатата година со акциите на банката е 145.268.999 денари преку 927 трансакции.

Фармацевтската компанија Алкалоид е трета според пазарната капитализација, којашто лани достигна вредност од 18.903.850.444 денари. Во 2020 година, со нивните акции се направени 3.895 трансакции и реализиран промет од 1.132.853.535 денари.

Две банки, Комерцијална и НЛБ, се меѓу петте компании со највисока пазарна капитализација во 2020 година. Комерцијална банка лани имаше вредност од 16.636.391.427 денари, а преку 7.501 трансакција направен е промет од 2.430.134.396 денари. Петта е НЛБ банка со пазарна капитализација од 15.723.263.010 денари, а со 1.577 трансакции направен е промет од 719.868.478 денари.

Фото: Freepik