Компаниите помалку дисциплинирани кога отплаќаaт кредит

21

Учеството на сомнителните и на спорните побарувања во вкупните кредити во август изнесуваше 3,4% и е пониско во споредба со претходниот месец (4,3% во јули), покажуваат податоците на Народна банка.

Оваа промена, како што се наведува, речиси во целост е резултат на месечното намалување на сомнителните и спорните побарувања на претпријатијата, при мала надолна промена и кај домаќинствата.

Гледано од аспект на секторската структура и натаму најголемиот дел од вкупниот износ на нефункционални кредити произлегува од секторот “претпријатија“, додека учеството на нефункционалните кредити на секторот “домаќинства“ е значително помало.

Показателот за искористеноста на депозитниот потенцијал на банките за кредитирање на приватниот сектор во август изнесува 82,5%, при што тој е повисок од проектираната вредност на овој показател за крајот на третиот квартал од 2020 година (81,7%), согласно со априлската проекција.

Во август, каматната стапка на вкупните кредити на претпријатијата забележа месечно намалување за 0,1 процентен поен (п.п.), при непроменета каматна стапка на кредитите на домаќинствата, со што тие изнесуваат 3,8% и 5,6%, соодветно. Кај новоодобрените кредити во август, каматната стапка на претпријатијата не забележа месечна промена, додека каматната стапка на домаќинствата се намали за 0,1 п.п. со што тие изнесуваа 3,6% и 4,4%, соодветно.

Фото: Freepik