Компанија од Исланд изработува кожа од риба што се користи во модната индустрија

64

Atlantic Leather е компанија од Исланд којашто се занимава со преработка на кожа од риба во кожа што се користи во модната индустрија. Компанијата е единствена рибарска кожарница во Европа и од 1994 година обработува кожа од лосос, бакалар, гргеч и друго. Процесот на обработка трае од три до четири недели, а Atlantic Leather моментално има 19 работници кои месечно произведуваат еден тон кожа.

Компанијата ги добива “материјалите“ од одржливи резерви, преку исландски, норвешки и фарски риболовни флоти, а за процесот на обработка велат дека нема штетно влијание врз околината.

Користат геотермална енергија, којашто ја има во изобилие во Исланд и природни бои што не ја загадуваат околината, пишува BBC.

Своите производи ги продаваат на најпознатите модни куќи вклучувајќи ги Jimmy Choo, Dior и Ferragamo.

Цената на едно парче кожа зависи од видот на рибата, а тимот тврди дека овој тип на кожа е девет пати поиздржлив од кравја или јагнешка кожа со слична дебелина.

Фото Atlantic Leather