Компанија одлучи првпат по четири децении да не се рекламира на Super Bowl

38

Американскиот производител на пиво, Budweiser донесе одлука првпат по 37 години да не се рекламира на најголемиот спортски настан во САД, Super Bowl.

Парите што доколку немаше пандемија Budweiser би ги дал за рекламирање на Super Bowl сега ги пренасочува кон донации и кампања поврзани со Ковид-19. Станува збор за износ од 5,6 милиони долари.

“Пандемијата го принуди Budweiser да ја промени маркетинг стратегијата, откако производителите на алкохолни пијалаци се соочија со воведена забрана за работа на барови, ресторани и други големи настани. Брендот сакаше да биде проактивен во промоција на вакцината којашто би требало да го врати светот во нормала“, вели Моника Растџи за CNN.

Budweiser нема да биде единствената компанија што оваа година ќе го заобиколи рекламирањето на Super Bowl поради пандемијата.

Superbowl е еден од најгледаните спортски настани во САД, а во исто време и служи како најголема маркетинг платформа за многу компании. За многумина возбудливи се натпреварите, но голем е бројот на луѓе кои им се воодушевуваат на рекламите што се прикажуваат за време на натпреварите. Просечната цена на рекламен простор на Superbowl во 2010 година беше три милиони долари, четири години подоцна 4,2 милиони, а во 2017-та година надмина пет милиони долари за реклама од 30 секунди.

Инаку, Superbowl е првенство во американски фудбал.

Фото: Facebook