Компанијата Димко Митрев со добивка од 153.000 денари во првото тримесечје

20

dimko mitrev 1

Компанијата за производство и трговија на крзно и крзнени производи, Димко Митрев од Велес, во период од 01.01. до 31.03.2015 година, оствари добивка од 153.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.

Во истиот период лани, компанијата оствари добивка од 211.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на Димко Митрев, во првото тримесечје, се на ниво до 52.694.000 денари, од кои само 2.067.000 денари се остварени на домашен пазар, додека поголемиот дел од 50.627.000 денари е реализиран на странски пазари.

Во истиот период минатата година, компанијата оствари 42.056.000 денари вкупни приходи од продажба.