Компјутер што се витка на Lenovo

126

Кинеската компанија за електроника, Lenovo на својот настан Accelerate, го прикажа првиот компјутер што се витка. Екранот може да се користи како лап топ, десктоп верзија, таблет во форма на книга или уред за работа со стилус (електронско перо).

Компјутерот сè уште нема име, но кога ќе излезе во продажба ќе се приклучи на фамилијата ThinkPad X. Има големина како два 13-инчни екрани на лап топ, споени заедно во еден флексибилен OLED екран на допир што се протега на цела страна.

Дисплејот е со 2K резолуција, а компјутерот доаѓа со Windows оперативен систем, “целодневна“ батерија и USB-C влезови на страните.

Цената, достапноста и останатите спецификации нема да бидат објавени сè до 2020 година.

Фото: Lenovo