Компјутерската технологија низ факти

56

technology-2818664_960_720

Фото: Pixabay

Неколку интересни информации за технологија што секојдневно нè опкружува.

Приближно 70% од креаторите на компјутерски вируси се верува дека работат според договор склучен со организирани криминални синдикати.

Куќата каде што живее Бил Гејтс беше дизајнирана со помош на Мекинтош компјутер.

Оригиналното име на Windows беше Interface Manager.

Само околу 8% од светската валута се физички пари, останатите постојат само на компјутер.

Секој месец се “пуштаат“ 5.000 нови компјутерски вируси.

Во 1936 година, Русите први направија компјутер што може да се користи под вода.

Во Шведска интернет користи дури 75% од населението.

До 14-ти септември 1995 година, регистрацијата на домејни беше бесплатна.

IMDb е една од најстарите веб страници. Стартувана е во 1990 година, а првата намена ѝ беше да прикаже листа на актерки со убави очи.

Џон Ласетер, извршниот директор на of Pixar беше отпуштен од Disney за промовирање комјутерска анимација.

MIT Инситутот за технологија во Масачусетс разви компјутерски софтвер што умее да разликува вистинска насмевка од иронична.

Една скандинавска компанија работи на технологија што ќе умее да препознае што мислат кучињата со помош на ЕЕГ сензори и микрокомпјутери.

Во 1988 година кога интернетот во САД беше парализиран од вирус, Норвежанецот Пал Шпилер, го “спаси“ интернетот во Норвешка од иста катастрофа, едноставно со исклучување на кабелот што ги поврзувал.