Концесионерите на минерални суровини побараа засилени контроли во овој сектор

20

Концесионерите на минералните суровини побараа да се зајакнат контролите во нивниот сектор. Најгорливиот проблем за концесионерите, кои работат строго почитувајќи го законот и навремено ги подмируваат обврските кон државата во вид на концесиски надоместоци, од кои 78% одат во буџетот на општината каде се наоѓа локалитетот, а 22% се слева во државната каса, е нелојалната конкуренција.

Министерот Сараќини, излегувајќи во пресрет на барањата на концесионерите, најави засилени контроли во овој сектор, во кои покрај инспектори од Државниот инспекторат за техничка инспекција ќе земат учество и останатите инспекциски служби во државата, вклучувајќи ја и трудовата инспекција и УЈП.

Концесионери на минерални суровини го информираа министерот за тековните активности на локалитетите за кои ја имаат добиено концесијата, за предизвиците со кои се соочуваат при работењето, а воедно сакаа да се информираат и за електронското аплицирање за концесии, што претставува една од новините кои ги воведе Министерството за економија, во насока на олеснување на постапката.